Овие две нешта никогаш не правете ги на лето

Не правете нагли премини до топло на ладно, вели д-р Ристиќ. Алкохол не, а од храна пробајте да ги избегнувате мрснотиите. Редовно пиење на вода е препорачливо

1,095

Летото почна, а високите температури веќе ни предизвикуваат непријатности. Ако не обрнете внимание на топлината или ја користите климата погрешно, ризикувате дури и колапс, губење на свеста и бројни други симптоми, пишува Мондо.

Не правете нагли премини од топло на ладно






– Никогаш не е добро да се прават ненадејни премини – ниту од премногу ладно на топло, ниту од премногу топло на ладно. Втората варијанта е уште поопасна. Кога влегувате во ладна вода, а надворешната температура е висока, телото се брани со стеснување на крвните садови бидејќи топлината не би се изгубила во студена средина – вели кардиохирургот Ристиќ.

Ако веќе има стеснување на крвните садови или атеросклероза, исто така, може да се појави срцев удар со фатален исход. Ова се однесува не само на срцеви пациенти, туку и на здрави и млади луѓе.

Без алкохол и без мрсна храна

Конзумирањето на алкохолни пијалоци е дополнителен ризик бидејќи алкохолот ќе ги прошири крвните садови. А од храна, подобро е да се избегнуваат мрснотиите. Според д-р Ивана Сташевиќ, жештината може да повлијае и на менталното здравје. 

– Избегнувајте мрсна храна што го оптеретува варењето на храната. Исхраната треба да се сведе, повеќе или помалку на вегетаријанска – овошје и салати и, се разбира, се препорачува редовна хидратација – конзумирање вода и освежителни пијалоци, како што се лимонади и портокали – советува д-р Ристиќ.

Поврзани содржини