Јовиќ со два гола го „поздрави“ Зидан во дебито за Ајнтрахт (ВИДЕО)

тој никогаш ја немаше довербата на Зинедин Зидан, што се одрази сериозно врз неговата самодоверба и игрите на теренот.

620

Лука Јовиќ имаше камбек од соништата во дресот на Ајнтрахт, откако постигна два погодоци за триумф од 3-1 на дуелот со Шалке. Српскиот ас се врати назад во Франкфурт по кошмарните 18 месеци во дресот на Реал Мадрид, тој никогаш ја немаше довербата на Зинедин Зидан, што се одрази сериозно врз неговата самодоверба и игрите на теренот.

Сепак, сето тоа сега е минато за младиот Србин, кој одлично се снајде во 72. минута, со волеј удар сместувајќи ја топката под гредата за водство од 2-1.






Магичниот камбек на Јовиќ беше комплетиран со втор гол во 92. минута, со кој Ајнтрахт ја осигура победата и се искачи на делба на шестото место на табелата.

Поврзани содржини