Јовески: Обвинителите своите должности треба да ги извршуваат без влијанија од надвор

281

Виртуелна работилница за обучувачи на јавните обвинители денеска се одржа во организација на Амбасадата на САД во Скопје и Амбасадата на САД во Загреб, со поддршка на едукатори од ОПДАТ Скопје и ОПДАТ Загреб. Виртуелната работилница е прва од серијата активности кои ќе следат во рамки на Отворениот ден на јавното обвинителство, информираат од Јавното обвинителство.

При отворање на виртуелната работилница, јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески истакна дека обвинителите своите должности треба да ги извршуваат без влијанија од надвор, да се раководат исклучиво од јавниот интерес и да ја бараат вистината.






Во таа насока, државниот јавен обвинител додаде дека се потребни активности со кои граѓаните и јавноста ќе се запознаат со работата и одговорноста на институцијата.

„Како резултат на успешната соработка која Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ја негува со Амбасадата на САД, претстојните активности во рамки на проектот ќе бидат насочени кон зајакнување на знаењата на граѓаните за нивните права и можностите да придонесат кон спроведување на правдата“, соопштуваат од ЈО.

Обраќајќи се на учесниците, Челси Шинор, ОПДАТ правен советник на Амбасада на САД ги сподели американските искуства, со што се овозможи учесниците да ги зајакнат капацитетите за одржување на активностите кои следат, а со цел подобрување на транспарентноста на јавното обвинителство.

Поврзани содржини