ЈОВЕСКИ, ВАС СДСМ И СПАСОВСКИ ВЕ ПУШТИЈА НИЗ ВОДА! Ковачки му порача на јавниот обвинител да не му се лути на ВМРО-ДПМНЕ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при сведочење на Анкетната комисија за случајот Онкологија јасно ве посочи како обвинителство дека вие ги кочите процесите, тие ве пуштија низ вода - рече пратеникот Драган Ковачки.

907

Кај јавното обвинителство постои некоја нервоза и истата ја насочува кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, мислам интерес е да се разоткрие овој грозоморен чин. А вас низ вода ве пуштија од СДСМ, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на денешната расправа на собраниската Комисија за финансирање и буџет на која се разгледува ревизорскиот извештај за Клиниката за онкологија.

– Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при сведочење на Анкетната комисија за случајот Онкологија јасно ве посочи како обвинителство дека вие ги кочите процесите, тие ве пуштија низ вода – рече Ковачки.






Пратеникот додаде: „мене ме загрижуваат континуираните кражби кои се констатирани од Ревизија на Клиниката за онкологија, а нема постапување и има целосен крах на системот и тоа е она што треба да не загрижи сите.”

– Не може да се изземете од работата за Онкологија кога во ревизорскиот извештај се изразува сомнеж за финансиските извештаи, за усогласеност нивна со законска регулатива и ова е пар екселанс за кривично дело, ако злоупотреба на финансии кажете дека не е кривично дело ќе бидам зачуден – рече Ковачки.

Тој се осврна и на низа други неправилности кои ги има во извештајот на Ревизија за Онкологија како тоа дека биолошката терапија била набавувана на реверс без формирана цена, дека е констатирана несоодветност на јавните набавки согласно со закон, отсуство на протоколи на Клиниката.

Ковачки постави и неколку прашања до Љубомир Јовески и до Државната ревизија:

– Прашање до ревизорот, дали во текот на ревизијата утврдивте дека директорот на Клиниката за кој излезе дека е еден од главите за состојбите на Клиниката примал пациенти кои не се третирале на соодветен оддел и прашање до ЈО зошто од толку кривични пријави во текот на годините истите се отфрлале? Дали е точно дека инспекторите од МВР кои ја одземале документацијата од Клиниката немале насоки што да бараат?

Поврзани содржини