Јовески: Обвинителството е подготвено за примена на одредбите од новиот Закон, предметите на СЈО ќе добијат завршница
Обвинителството нема да ја повтори грешката, кога заради непостапување по конкретните случаи се формира СЈО. Поради тоа, ве уверувам дека овие предмети ќе добијат завршница - нагласува државниот јавен обвинител.
Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за МИА уверува дека Јавното обвинителство е подготвено и со целосна посветеност и залагање ќе пристапи кон примената на одредбите од новиот Закон за јавно обвинителство што денеска стапи на сила. Законските решенија, како што посочува, содржат добра основа за современо јавно обвинителство, како надлежен орган за гонење на сторителите на кривични дела.
Во врска со предметите на Специјалното јавно обвинителство, Јовески вели дека Јавното обвинителство ги презема за да продолжат постапките и сторителите на кривични дела да ја добијат заслужената казна.
– Обвинителството нема да ја повтори грешката, кога заради непостапување по конкретните случаи се формира СЈО. Поради тоа, ве уверувам дека овие предмети ќе добијат завршница – нагласува државниот јавен обвинител.
Здравствената криза, како што вели Јовески, донесе застој во сите области на живеењето, па така и во работењето на правосудните органи, што беше наметнато од приоритетот да се обезбеди здравјето на сите лица инволвирани во постапките. Тој напомнува дека обвинителите постапуваат во предметите и по нив ќе се донесуваат одлуки за кои јавноста благовремено ќе биде запознаена.
Целото интервју ТУКА