ОВЕНЧАНИ ЕГОРОВ И НАКОВСКА-БИКОВА Прогласени најдобрите македонски спортисти за 2022 година

На свечена церемонија вечерва во Скопје прогласени се спортистите на 2022 година во повеќе категории.

123

Во организација на Агенцијата за млади и спорт, традиционално на крајот на годината се прогласуваат најуспешните македонски спортисти. На свечена церемонија вечерва во Скопје прогласени се спортистите на 2022 година во следниве категории:

Спортист на годината: Владимир Егоров – борење






Спортистка на годината: Оливера Наковска-Бикова – спортско пара-стрелаштво

Великани на македонскиот спорт: Кирил Лазаров – ракомет; Горан Пандев – фудбал

Најуспешна национална спортска федерација: Ракометна федерација на Македонија

Најуспешен тренер/селектор: Дејан Митровски – кикбокс

Најуспешен машки национален тим: македонската ракометна репрезентација

Најуспешен женски национален тим: македонската ракометна репрезентација

Млад спортист на годината: Петар Арсовски – бокс

Млада спортистка на годината: Јадранка Темелкова – кикбокс

Подвиг на годината: Марко Пејчиновски,  кој десет пати го преплива Охридското Езеро;  Харис Бекири, за најтешкото искачување – еверестинг

Најуспешна екипа во универзитетска конкуренција: Машкиот карате тим

Најуспешен клуб од средните училишта: СОУ „Нико Нестор” од Струга

Најуспешен спортски клуб од основните училишта: ОУ „Васил Главинов” од Велес.

Поврзани содржини
na