🎥 „ОВДЕ МИ Е КРЕВЕТОТ, А ТУКА СТАВИЛЕ ВОЛК“ Српскиот претседател Вучиќ сподели видео од сместувањето близу Давос
Сè е наредено во согласност со швајцарската скромност, мебел во стилот на Икеа, едноставно дрво, ништо посебно. Креветите се малку кратки, вели претседаѕелот на Србија, Александар Вучиќ.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ објави видео од собата во која е сместен за време на престојот во Швајцарија, каде што присуствува на Светскиот економски форум во Давос. На своите следбеници на Инстаграм Вучиќ им претстави детална „тура низ собата“ на сместувањето во Клостерс.
Вучиќ објасни дека неговиот сместување е оддалечено околу 20 километри од аеродромот и дека ова му е „единаесетти или дванаесетти пат“ на Светскиот економски форум, иако, како што вели, никогаш не престојувал директно во Давос.
– Ова е една од најдобрите соби овде. Ќе видите, сè е наредено во согласност со швајцарската скромност. Мебел во стилот на Икеа, едноставно дрво, ништо посебно. Креветите се малку кратки, за среќа ги нема оние граничници, па можам да се истегнам – рече Вучиќ, забележувајќи дека „не наредил сè баш добро“.
Тој особено го истакна и импровизираниот гардеробер, каде што, како што покажа, кошулите се уредно наредени, но и фактот дека во „специјалниот стан“ има можност да си направи чај.
– Фрижидерот е мал. Интересно, тука ставиле волк – рече Вучиќ, коментирајќи ја сликата на ѕидот, објаснувајќи дека волкот е чест гостин на околните ридови.
Претседателот на Србија потоа ја покажа дневната соба каде што прима гости, работните материјали и книгите, вклучувајќи ја книгата на Ерик Ларсон за Винстон Черчил. Ја покажа и малата тераса, која ја опиша како „најубавиот дел“, иако, како што додаде, „не е баш за седење на минус 5“.
– Вака изгледаат сите куќи во Клостерс, сите куќи во сите хотели. Едноставно така е, убаво и удобно – заклучи Вучиќ во видеото.
На крајот, тој откри дека вечерва се враќа во Белград.
– Не можам да ви опишам колку се радувам на тоа чувство кога повторно ќе слетате на белградскиот аеродром и кога срцето ќе ви чука посилно затоа што сте назад во татковината – рече српскиот претседател Александар Вучиќ.
View this post on Instagram