ОВДЕ Е ЖЕШКО, АМА НЕКАДЕ Е УШТЕ ПОЛОШО Во најтоплите делови на Земјата температурата достигнува и до 50 степени!

Врвот на топлотниот бран ќе трае неколку дена, метереолозите најавуваат дека најтопло ќе биде в недела и в понеделник, со максимална температура од 32 до 38 степени. 

504

Деновиве во Македонија е многу топло, а прилично жешко ќе биде и во следните денови. Според најавите од УХМР, максималната температура ќе биде во интервал до 30 до 38 степени, со активно жолто ниво за опасност од висока температура.

Врвот на топлотниот бран ќе трае неколку дена, метереолозите најавуваат дека најтопло ќе биде в недела и в понеделник, со максимална температура од 32 до 38 степени.






Но, колку ни да е овде деновиве неподносливо жешко, има земји во светот каде што е многу полошо.

Температурите во Кувајт во лето вообичаено се движат околу 40 степени Целзиусови, а понекогаш и над 50 степени. Денеска температурата таму ќе достигне 49 степени, а ноќе овие денови температурата не се спушта под 35, пишува weather.com. Во Кувајт температура е над 40 степени секоја година од мај до септември.

Прилично жешко е и во Ирак. Таму днеска највисоката тепературата ќе достигне до 47 степен. Во текот на ноќта „заладувањето“ е околу 32 степен. Истото важи и за Саудиска Арабија каде денеска се очекува температурите да достигнат до 45 степени.

Во Долината на смртта, Калифорнија, денеска би требало да има жешки 42 степени, а температурите во наредните денови ќе се искачат до 46. Дури и покрај патиштата има предупредувања за екстремни горештини.

Во Арауан, село во пустината Сахара, пред 9 часот наутро веќе беше 34 степени. Во текот на денот температурата ќе се искачи до 43. И во Израел температурите се движат околу 40 степени.

Во Дашт-е Лут, пустина која се наоѓа во југоисточниот дел на Иран, деновиве температурите се над 40 степени. Тоа е едно од најсушните места во светот, познато по досега највисоката измерена температура на песок од 70,7°C.

Поврзани содржини