ОВЧАРИТЕ ЦЕЛА ГОДИНА ЌЕ ДОБИВААТ ПО 400 ДЕНАРИ ЗА ПРОДАДЕНО ЈАГНЕ Постигнат договор со министерот Николовски
На синоќешната средба во Битола, дополнително, на барање на сточарите договорено е основната субвенција во износ од 1.200 денари по грло да продолжи да важи и понатаму, согласно новата Програма за финасиска поддршка во земјоделството.
Надоместот за предадено јагне во кланичен капацитет во висина од 400 денари ќе продолжи да се применува за цела година, а не само до мај како што беше досега. Ова го договорија денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски и одгледувачи на овци од битолскиот регион.
На синоќешната средба во Битола, дополнително, на барање на сточарите договорено е основната субвенција во износ од 1.200 денари по грло да продолжи да важи и понатаму, согласно новата Програма за финасиска поддршка во земјоделството.
Министерот Николовски на средбата со одгледувачите на овци информираше дека во соработка со АХВ и Платежната агенција формирано е Координативно тело кое ќе ги следи интензивните контроли на терен за да се утврдат сите можни манипулации, контрола на ветеринарните друштва и утврдување на точната бројка на овците, а податокот кој ќе произлезе од ваквата контрола ќе биде клучен за понатамошното креирање на мерките за поддршка на овчарството.
„Исто така, од оваа година за секторот земјоделство, на располагање ќе бидат и нови 250 милиони денари обезбедени од интервентниот фонд. Ова се дополнителни средства, покрај субвенциите и ќе бидат на располагање во случаи доколку земјоделците се соочат со потешкотии на пазарот и проблеми во производството“, информираа од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.