ОВЧАР ПРОДАЛ 127 ОВЦИ НАМЕСТО ДА ГИ ЧУВА Кривична за кумановец кој од продажбата заработил 1 милион денари
Кумановецот за два дена ги пренел овците, а потоа ги продавал во Скопје и Тетово.
62-годишен кумановец заработи кривична пријава бидејќи ги продал овците кои требал да ги чува, а притоа заработил околу 1 милион денари.
„СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Ј.(62) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело – затајување. Пријавениот, кој бил ангажиран како овчар од Г.А., во период од 16.06.2024 до 18.06.2024 година со товарно возило во с.Алгуња, натоварил 127 овци, кои ги продавал во Скопје и Тетово. Со тоа се стекнал со противправна имотна корист од околу 1.000.000 денари“, информираат од МВР.