Јовановски: Во администрацијата денес имаме 95 отсто казнети и омаловажени, а 5 отсто привилегирани

Јовановски се пожали дека два пати добил отказ затоа што кажал став против власта надвор од работмно време.

1,423

Живееме во време на СДС и нивното „европско владеење на правото”, а тоа во мојот случај како администртивен службеник со 12 години искуство во јавен сектор и 10 години искуство во приватен сектор значи континуирано омаловажување, закани и притисоци со кривични и дисциплински постапки само заради мојата национална и етничка припадност, политичка припадност и синдикален активизам, рече вечерва на протестот на ВМРО-ДПМНЕ против реваншизмот и тортурата Горан Јовановски.

– Два пати да ми изрекуваат отказ од работа затоа што сум го нарушил сопствениот углед заради кое добивам отказ од работен однос. Веднаш после изборите не ме враќаат на работа и без никаков основ и правен акт после мирување на работниот однос само затоа што сум бил дел од техничката влада во кабинетот на дополнителниот заменик на министерот кој е предложен од ВМРО – ДПМНЕ – рече  Јовановски.






Тој се пожали дека поради реваншизмот  2 месеца по неговиот предмет не постапило ниту еден инспекторат, додека инспекцискиот совет, второстепени комисии, народен правобранител, невладин сектор и медиумите се само декор во новото хибридно општество во кое не можам да го остварам елементарно и ноторно право од работен однос да се вратам после мирување.

Тој додаде дека пред 3 години во државната и јавна администрацијата имаше 95% стручни и мотивирани службеници и само 5% неработници.

– Денес имаме 95% казнети, дискриминирани, омаловажени, условени, понижени и исплашени службеници и а замислете 5% привилегирани, нестручни и полуписмени уништувачи на институциите за кои 7 пати се менуваа: Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор, за да се избришат критериумите стручност и компетентност – рече Јовановски.

Поврзани содржини