Јовановски: Мојот телефон не го вештачат зошто има разговори со Заев и Мијалков

2,685

Првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски рече дека намерно не се вештачи неговиот мобилен телефон поради тоа што може да се докаже дека имал комуникација со поранешниот премиер Зоран Заев и со екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.

– Мојот телефон не се вештачи затоа што имам комуникација со Зоран Заев и Сашо Мијалков. Јас сум бил сведок дека они им ветуваа ослободување и олеснување на мерките за да повикаат на референдум и за уставните измени. Ова може лесно да се провери дека на 10 ноември 2019 јас се сретнав со Заев, а тој ми рече дека Катица направила голема грешка со предметот „Империја“ -тврди Јовановски.






Тој на денешното рочиште тврдеше дека на среба со поранешниот премиер Заев му кажувал дека Камчев, кој е осомничен во случајот, имал под контрола тројца пратеници кои требало да гласаат за уставните измени, а исто и Сашо Мијалков, кој имал повеќе пратеници и затоа не било добро што Јанева, тогашна специјална обвинителка го оторила предметот „Империја“.

Јовановски во судницата кажа и дека наводно бизнисменот Камчев имал снимено видео на кое Заев кажува погрдни зборови за Боки и за Јанева.

– Зоран Заев во тоа видео зборува дека ќе ми ја е*е мајката мене – на педерот и на дебелата. Зоран Заев е снимен од страна на Камчев и затоа е оваа целосна заштита. Но, она што сите се прашуваме во случајов е каде се парите, каде е тој 1,5 милион евра што наводно ги дал Камчев – додаде Јовановски и продолжи:

– Има две опции и тоа овој судечки совет да донесе пресуда која ќе се базира исклучително на изведени докази, а докази не видовме. Таквата одлука сигурен сум дека ќе биде ослободителна зашто обвинителката Вилма Русковска не успеа да докаже ниту индиција за кривичните дела. Втората опција се вика црвен телефон, кој може да донесе драконски казни – рече Јовановски во завршните зборови.

Поврзани содржини