Јовановска го скрши мразот на Игрите за сите наши идни каратисти

Јовановска во двете кати во својата квалификациска група А освои 23,8 и 24 поени, што не беше доволно да биде помеѓу најдобрите три и да се квалификува во финалето. Да потсетиме прилепчанката настапи во Токио со вајлд-карта.

457

Македонската каратистка Пуликсенија Јовановска го освои 9 место во кати на Олимписките игри во Токио од вкупно 10 натпреварувачки.

На овој собир на најдобрите спортисти во светот на каратето за прв пат е во олимписката програма, а Јовановска испиша историја со својот настап, како прва каратистка од Македонија што нè претставува во овој спорт.






фото: Фејсбук

Јовановска во двете кати во својата квалификациска група А освои 23,8 и 24 поени, што не беше доволно да биде помеѓу најдобрите три и да се квалификува во финалето. Да потсетиме прилепчанката настапи во Токио со вајлд-карта.

Таа по борбата им се заблагодари на сите кои беа дел од нејзиниот пат и за тоа што верувале во неа кога било најтешко.

Поврзани содржини