📽️ „ЈОВАНО, ЈОВАНКЕ“ ВО ИЗВЕДБА НА ЛАТИНОАМЕРИКАНСКИ БЕНД Групата ги освои Македонците во Канада, но и останатите ширум светот
„Јовано Јованке“, која е една од најпознатите македонски народни песни, продолжува да ги воодушевува љубителите на традиционалната музика од сите краеви на светот.
Музички бенд составен од талентирани музичари од Колумбија и Венецуела во канадскиот град Халифакс ја изведоа нивната омилена македонска песна „Јовано Јованке“, во знак на почит и љубов кон македонската музика.
– Драги Македонци, ние сме музичари од Колумбија и Венецуела и ја сакаме многу македонската музика. Сега сме во Канада, во градот Халифакс, и сакаме да свириме за вас една убава македонска песна – ‘Јовано, Јованке’ – изјави еден од членовите на бендот пред почетокот на изведбата, зборувајќи на македонски јазик.
По завршувањето на песната, членовите на бендот се претставија повторно на македонски јазик, поздравувајќи ја македонската публика во дијаспората.
@nikogas_od_severna #makedonija🇲🇰 #macedonia🇲🇰 #balkan #macedoniantiktok ♬ original sound – Никогаш од Северна
„Јовано Јованке“, која е една од најпознатите македонски народни песни, продолжува да ги воодушевува љубителите на традиционалната музика од сите краеви на светот.