Јована Јоксимовиќ откри како се чувствува по добиениот отказ

1,515

Српската водителка Јована Јоксимовиќ ретко се појавува во јавноста откако ја прекина деловната соработка со ТВ Прва.

Сепак, пред неколку вечери, Јована се појавила на претставувањето на козметичката линија на пејачката Емина Јаховиќ во Белград.






Јована блескала, многумина би рекле дека никогаш не изгледала подобро, а нејзината препознатлива насмевка не ја симнувала од лицето.

Сепак, она што многумина ги интересирало е како сега се чувствува после целокупната медиумска бура која се крена откако таа и Срѓан Предојевиќ добија отказ речиси јавно, и тоа преку социјалните мрежи.

– Немам што да коментирам, ќе зборувам кога ќе дојде време за тоа. Се чувствувам онака како што изгледам – со насмевка прокоментирала Јована за „Објектив.рс“.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини