🎥 ЈОВАНА ЈЕРЕМИЌ СЕ ВРАТИ ОД АМЕРИКА И ПОВТОРНО Е ХИТ НА ИНТЕРНЕТ Еве што знае српската водителка за Перл Харбор
Српската водителка Јована Јеремиќ и нејзиниот партнер Драган Вучиќевиќ, се најдоа во центарот на вниманието откако одлучија да го тестираат своето општо знаење за Соединетите Американски Држави.
Настанот се одвиваше на телевизија, каде Јеремиќ и Вучиќевиќ зборуваа за американската историја, географија и култура.
Нивната „експертиза“ привлече голем интерес од публиката, а социјалните мрежи се преплавија со реакции, особено поради тоа што не сите факти што ги изнесоа беа точни.
На пример, еве што знае Вучиќевиќ за Мартин Лутер Кинг:
Jako bistar momak kao litar boze … 😂😂😂😂😂 pic.twitter.com/LeOCUjfxYD
— Drug Djura (@drugdjura) November 6, 2024
Јеремиќ, пак, докажа дека знае нешто и за Перл Харбор:
Жаклина Кенеди из Доње Бријање и чувена битка код Перл Варбургаа pic.twitter.com/t9oYavYGMg
— Гилти Сигурдсон 🔴 (@SiggySwans) November 6, 2024
Инаку, Јована со ентузијазам го сподели своето искуство од патувањето, кое го опиша како „незаборавно“ и полно со инспирации.
Според нејзините зборови, САД ѝ овозможиле нови перспективи и идеи за нејзината професионална кариера и личен раст. Иако деталите од нејзиниот престој во САД не беа целосно откриени, таа изрази благодарност кон колегите за поддршката што ја добила по враќањето.
Имено, колегите ѝ подготвиле изненадување, односно роденденски подарок кој Јована го отвори среде емисија.
За потсетување, непосредно пред одржувањето на претседателските избори во САД, Јеремиќ го најави своето патување во Америка, но исто така најави дека има план да го освои срцето на Доналд Трамп.
– Вежбам секој ден. По Америка ништо повеќе нема да биде исто, Ова е моето прво патување, па ќе следува второ, па трето, па светската кариера на Јована Јеремиќ – изјави неодамна водителката на ТВ Пинк.
🎥 МУ НЕМА СПАС, ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ ЈОВАНА ЈЕРЕМИЌ ЌЕ ГО ОСВОИ ТРАМП Водителката на Пинк има опасен план