Јован Деспотовски денеска поднесе оставка од функцијата директор на ТИРЗ.
– Немав никаков притисок од политичкиот опонент. Имам мандат до декември, но има нова политичка реалност. Ова што кулминираше деновиве, бара мој целосен ангажман – рече Деспотовски на брифинг со новинарите.
Тој ги соопшти бројките од сработеното во ТИРЗ за време на неговиот мандат.
Деспотовски вели дека нема да бара апанажа.
– Навистина не мислам дека е оправдано пред граѓаните, носители на јавни функции, кои патем кажано извршуваа и одговорни позиции, да останат на товар на граѓаните. Ако навистина сите сме толку способни да извршуваме такви одговорни функции, тогаш навистина мислам дека можеме понатаму. Ако сме оставиле чист образ, ќе можеме да се снајдеме и да функционираме понатаму како и сите други – рече Деспотовски и најави дека неговиот следен ангажман ќе биде целосно посветен на политиката и градењето на СДСМ во силна опозициска партија, која ќе биде контролор на власта.