Корона Њутн уште од мала трпела шеги и вицови на сметка на своето необично име. Прекарите поврзани со пиво, оваа 49-годишна службеничка ја следат уште пред да можела да ја испие првата кригла.
– Луѓето ме нарекуваа Гинис или Бадвајзер. Понекогаш ми беше смешно, понекогаш не, но ова е фрустрирачки сега, особено кога станува агресивно- рекла таа за Би-Би-Си.
Корона живее во Олдам, кој во моментов има најголем број случаи на ковид-19 на 100.000 луѓе во Англија. Жителите на градот Манчестер, со недели трпеа некои од најтешките мерки за карантин.
Корона рекла дека никој не ја сфаќа сериозно кога ќе се претстави, дека дури не може да резервира ниту маса во локалниот ресторан или да се претплати на некоја услуга преку интернет, бидејќи луѓето мислат дека се шегува со нив.
– Ми велат: „Аха, значи вие сте вирус“. Можеби звучи смешно на почетокот, но верувајте ми, не е – истакнува Британката.
Мајката на пет деца вели дека примала и многу непријатни телефонски повици од почетокот на пандемијата. Додека минатата недела ја возела својата ќерка кај стоматологот, ѝ заѕвонил телефонот, а кога се јавила, од другата страна се јавил маж кој ја пцуел.
– Тој врескаше од слушалката: „Какво е чувството да го убивате светот?!“ – рекла Корона.