Оваа влада е како тело кое губи делови, до март ќе ја изгуби и главата

Да бевте прогресивни, ќе создадевте влада за национален спас, а не да ги спасувате вашите теснопартиски и клановски интереси.

3,584

Падот на оваа влада ќе беше добар чекор само во перспектива на формирање Голема коалиција, по можност без ДУИ и нејзината уценувачка политика.

На тој начин ќе можеа да се спроведат битни чекори во кратко време и да се обезбеди и двотретинско мнозинство за евентуално изгласување договор со Бугарија.






Е сега, бидејќи тоа очигледно тешко ќе се случи и владината коалиција е решена да остане на власт по секоја цена, да погледнеме што ги чека овие што сами си преткажаа дека „за пуста желба за власт биле спремни државата да ја носат низбрдо”.

Ги чека крајно непопуларен договор со Бугарија, кој ќе нема како да се изгласа.

Ги чека најверојатно ново разочарување околу датумот, не знам, четврто или петто по ред ли е?!

Сите нѐ чека сите енергетска криза, а оваа власт придонесе да ја дочекаме комплетно неспремни.

Нѐ чека сите најнов и сигурно многу лош бран на корона засилен со делта плус сојот.

И нѐ чека катастрофална економска состојба која веќе се наѕира и се чувствува кај граѓаните.

Оваа група на власт, која се презентира за прогресивна, а која е делегитимирана, криминализирана, неспособна за промена и преземање одговорност, мисли дека ќе нѐ истера низ овие предизвици.

Уште посмешни се квазипрогресивните граѓани и новинари кои навиваат за власт зависна од ДУИ и кои очекуваат поинакви резултати и промени од истите кои ја дозаебаа работата.

Да бевте прогресивни, ќе создадевте влада за национален спас, а не да ги спасувате вашите теснопартиски и клановски интереси.

Оваа власт мора да понесе одговорност за многу прашања и теми, мора да се соочи и со поразот и со понудените, а нереализирани оставки.

Таа сега е како тело кое губи делови, раце, нозе, до март ќе ја изгуби и главата.

Има ли поента слаба и делегитимирана власт да владее – не, нема, затоа што не може да испорача резултати, реформи и промени.

Може само да ги задоволи и заштити своите интереси и толку.

Ќе биде мачно за гледање и за живеење во оваа надолна линија, цехот како и секогаш ќе го платат граѓаните и земјата.

(ФБ статус на авторот)

Поврзани содржини