ОВАА ВАРИЈАНТА ГИ ЗАГРИЖУВА СИТЕ Нова главоболка на здравствените работници предизвикува сојот делта-плус
Варијантата делта-плус во Европа за првпат беше забележан во март 2021 година. Оттогаш е откриена во неколку земји низ светот, вклучувајќи ги Јужна Кореја и САД.
Делата (индиската) варијантата на коронавирусот полека почнува да доминира во повеќето земји во светот, потиснувајќи ја мутацијата алфа (британската). Сепак, тоа што ги загрижува здравствените лица и научниците е појавата на делта-плус варијантата на ковид-19, која може да биде „поагресивна од делта “.
Суперзаразната делта продолжува да мутира
Пред сѐ, важно е да се знае дека варијантата на вирусот САРС-КоВ-2 наречена делта е еден од најзаразните вируси што ги знаеме. Заразна е како сипаницата и е позаразна од вирусите што ги предизвикуваат МЕРС, САРС, ебола, настинки, грип и големи сипаници. Делта исто така е значително повеќе заразна од британската верзија позната како алфа, која сама по себе е повеќе заразна од оригиналниот вид од Вухан.
Како што се шири оваа суперинфективна варијанта, таа продолжува да мутира. САРС-КоВ-2 е едножилен РНК вирус и тие мутираат побрзо од дво-верижните РНК вируси и ДНК вируси. Но, истражувањата покажаа дека големината на геномот негативно корелира со стапката на мутација – колку е поголем геномот, толку помалку мутации.
Во оваа смисла, добро е што вирусот СAРС-КoВ-2 има голем геном составен од околу 30.000 базни парови, така што мутира релативно бавно за едножилни РНК вируси, побавно од грипот. Корелацијата помеѓу големината на геномот и бавноста на мутацијата е логична бидејќи вирусот со голем геном мора да има добро уредена проверка на точноста на копирање на неговиот код. Ако го немаше тоа, ќе се појавеа премногу грешки во големиот геном и вирусот нема да биде ефикасен – премногу вирусни честички ќе се произведуваат при репродукција, што би било отпад. Вирусот на грип, кој има многу пократок код во РНК, може да си дозволи луксуз да биде помалку прецизно транскрибиран и повеќе мутиран, а истото важи и за вирусите на хепатитис Ц и ХИВ.
Од друга страна, поради високата инфективност, делтата се шири и се повторува толку масовно што грешките во копирањето сѐ уште се случуваат во голем број и веројатноста за нови варијанти се зголемува, особено кај невакцинирани лица.
Дали делта-плус е поопасна од делтата?
Една од најновите варијанти што го привлече вниманието на здравствените работници е варијантата наречена „AY.1“ или делта-плус. Причината за интересот е фактот што индиското Министерство за здравство го класифицираше во јуни како „варијанта на загриженост“. Оваа ознака покажува дека се чини дека е позаразна, полесно се врзува за клетките на белите дробови и е потенцијално отпорна на терапија со моноклонални антитела, што значи дека може да го пробие стекнатиот имунитет.
Делта-плус има на спајк протеинот (S) мутација „K417N“ кој што делтата го нема. Оваа мутација претходно беше пронајдена кај некои подваријанти на алфа што доминираа пред делтата и во бета варијантата.
Џејмс ЕК Хилдрет, извршениот директор на Медицинскиот факултет Мехари во Нешвил, изјави за Вашингтон пост дека челниците на јавното здравство треба да обрнат внимание на искуствата на другите нации, посочувајќи на разорниот ефект на делтата во Индија и одлуката на земјата да ја означи делта-плус како загриженост.
– Веќе видовме што се случи со делтата во Индија и колку брзо се шири – рече тој.
– Зошто би помислиле дека варијантата делта-плус би била поинаква? – вели Хилдрет.
Една причина за загриженост е можноста дека делта-плус би можела да ја пробие заштитата создадена од заболување или вакцинирање. Досега, нема јасна потврда за оваа загриженост.
– Може да се случи делта-плус да се покаже подобро во преносот, подобро да лебди во воздухот, да прави подобри копии, подобро да се врзува за клетките и да ги инфицира – вели Кенет Стедман, професор по биологија на Државниот универзитет во Портланд.
– Но, можно е и дека таа всушност е полоша во тоа – додаде тој.
Студиите спроведени кон крајот на јуни покажаа дека коктелите за моноклонални антитела Рош и Ели Лили ја намалија ефикасноста на варијантата делта-плус. Но, експертите посочија дека ова сѐ уште треба да се испита подетално.
Каде првпат е забележан сојот делта-плус?
Варијантата делта-плус во Европа за првпат беше забележан во март 2021 година. Оттогаш е откриена во неколку земји низ светот, вклучувајќи ги Јужна Кореја и САД. Според Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), тој во моментов сочинува само мал удел од 0,1% од предизвикувачкиот агенс меѓу заразените со ковид-19. Видот на делта во моментов е причина за 93% од сите инфекции во Соединетите држави.
Дали е навистина позаразна од делтата, ќе се покаже со текот на времето ако нејзиниот удел расте, односно ако се покаже дека ја поместува делтата. Ова ќе потрае некое време бидејќи самата делта е крајно заразна, така што предноста на варијантата делта-плус во однос на заразата веројатно не е голема.
Добрата вест: Тројната доза на „Фајзер“ е одлична за заштита од делта
Како што многупати е пишувано досега, единствениот начин да се забави мутацијата на вирусот САРС-КоВ-2 е да се вакцинира голем дел од населението. Имено, истражувањата покажаа дека вирусите мутираат најбрзо во земјите каде што инциденцата на вирусот е многу висока, а вакцинацијата е ниска. Кај вакцинираните организми, вирусот не се шири значително, дури и ако може да предизвика инфекција. Вакцинираните луѓе исто така го пренесуваат вирусот значително пократко, бидејќи телото го потиснува многу брзо. Резултатот е дека во високо вакцинирани земји вирусот нема можност да се реплицира колку што може во земјите каде процесот на вакцинација е слаб и сѐ со голем број заразени.
Според податоците од различни студии, вакцината „J&J“ има ефикасност против делта од повеќе од 67 проценти, „Модерна“ од 72 до 95 проценти и „Фајзер/БиоНТех“ од 42 до 96 проценти. Лошата вест е дека имунитетот на некои вакцини опаѓа по три или повеќе месеци, и дека „Фајзер“ е малку побрз од „АстраЗенека“, така што по неколку месеци нивната ефикасност се изедначува.
Добрата вест е дека испитувањата во Израел покажаа дека три дози на вакцината „Фајзер“ добро штитат од делта сојот. Третата доза покажа ефикасност од околу 86% кај луѓе постари од 60 години.
Истражувањето го спроведе израелскиот осигурител Макаби, кој опфаќа приближно една четвртина од 9,3 милиони жители на земјата. Ги спореди наодите на 149.144 лица постари од 60 години кои ја примиле третата доза пред најмалку една недела, во споредба со 675.630 луѓе кои примиле само две дози, во периодот помеѓу јануари и февруари.
По третата доза, околу 37 лица беа позитивни на коронавирус, додека 1.064 луѓе беа позитивни на само две дози. Споредбените групи имаа слични демографски профили.
Минатиот месец, Израел започна со вакцинација со третата доза меѓу најзагрозените – медицинските работници, болните и оние над 60 години. Досега, околу 1,1 милион Израелци ја примиле третата доза.