Оваа сцена од популарната хумористична серија е прогласена за најдобар момент во историјата на телевизијата ВИДЕО

1,037

Оваа сцена од популарната хумористична серија е прогласена за најдобар момент во историјата на телевизијата

Сцената во која Дел Бој Тротер и Тригер во легендарната серија „Only Fools and Horses“ им се восхитуваат на девојките, а во обид да ги освојат со својот „кул“ пристап, Дел не забележува дека некој ја кренал даската на шанкот зад него, и обидувајќи се да се потпре на него, пропаѓа во празно паѓа, е прогласена за најдобар момент во историјата на телевизијата.






Станува збор за сцена од епизодата „Yuppy Love“ во која Дел (Дејвид Џејсон) и Тригер (Роџер Лојд Пек) се воодушевуваат на две девојки, а во обид да ги освои со својот кул пристап, Дел не забележува дека некој ја подигнал даската на шанкот зад него, и додека се обидува да се потпре на него, паѓа на земја.

Второто место на анкетата на компанијата „Virgin Media“ во која учествувале 2000 Британци, го зазеде аудицијата на Сузан Бојл во шоуто „Британија има талент“, а трета е сцената од британската серија „East Enders“ во која ликот Ден Вотс ѝ предава документи за развод на својата сопруга Енџи.

На листата исто така се најде моментот во кој се дознава кој го убил Џеј Ар во серијата „Далас“, средбата на Дејвид Атенбороу со планинските горили и сцената од последната сезона на „Пријатели“ во која Рејчел го напушта авионот за да му се врати на Рос.

 

Photo: Јутјуб

Поврзани содржини