🎥 ОВАА ПРИКАЗНА  ГО ПОТРЕСЕ ХОЛИВУД Измислила дека има рак, дека ги изгубила пријателите во масакр, дека била злоупотребена

Елизабет Р. Финч, поранешната сценаристка на една од најгледаните и највлијателните серии на сите времиња „Вовед во анатомија“ лажела за својот живот и создала за себе лажна слика која шокирала многумина

86

Документарната серија „Анатомија на лагите“ носи фасцинантна и шокантна приказна за Елизабет Р. Финч, поранешната сценаристка на една од најгледаните и највлијателните серии на сите времиња, „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy), која со години градела кариера врз измислени трагедии и лажна слика за сопствениот живот.

Во режија на Евгенија Перец и Дејвид Шисгал, серијата открива како Финч со години ги мамела колегите, пријателите и јавноста; таа измислувала дека има рак, дека изгубила бубрег, јавно зборувала за сексуална злоупотреба, дека изгубила пријател во масакрот во синагогата во 2018 година – ова се само дел од приказните што ги претставила како свои.






– Можеби страдам вака токму за да можам да пишувам вака – зборувала Финч за сите тие лаги што вешто ги вплетка во сценаријата на серијата „Вовед во анатомија“ и на тој начин ги претвори измислените трагедии во телевизиска фикција што ѝ донесе успех и симпатии од околината.

Врз основа на новинарско истражување на Евгенија Перец за списанието Vanity Fair, „Анатомија на лагата“ истражува како настанале овие приказни, кој им верувал и кога линијата помеѓу вистината и лагата целосно исчезнува.

Во интервјуата со нејзините поранешни колеги и партнерката Џенифер Бејер, која на крајот ја разоткри измамата, гледачите влегуваат во свет на емоционална манипулација каде што секој гест имал цел.

– Јас ѝ верував на секој збор – вели Џенифер Бејер, додавајќи низ солзи дека всушност не знае која е нејзината сопруга.

Критичарите веќе ја прогласија „Анатомија на лагата“ за една од најинтригантните документарни серии на годината. Vogue пишува дека станува збор за толку неверојатна приказна што би звучела претерано ако не беше вистина, додека бројни новинари се согласуваат дека серијата е одлична анализа на психолошката манипулација и разоткрива како довербата и измамата се поврзани една со друга. Моментално има максимални 100% позитивни критики на Rotten Tomatoes, а публиката ја опишува како нешто што мора да се види за да се поверува.

– Оваа серија не е само трагедија на жена која го измамила системот, туку и огледало на современото општество, кое често наградува сензационализам, страдање и одреден привид на автентичност – нагласуваат креаторите на серијата.

Поврзани содржини