ОВАА ОДЛУКА НЕМА ДА ИМ СЕ ДОПАДНЕ НА ОБОЖАВАТЕЛИТЕ Бритни Спирс овој пат е цврсто решена
Пејачката Бритни Спирс на Инстаграм ги демантираше неодамнешните медиумски написи дека снима нов албум, нагласувајќи дека никогаш нема да се врати во музичката индустрија.
Пејачката Бритни Спирс на Инстаграм ги демантираше неодамнешните медиумски написи дека снима нов албум, нагласувајќи дека никогаш нема да се врати во музичката индустрија.
„Само да бидам јасна, повеќето вести се ѓубре. Постојано пишуваат дека правам нов албум… Никогаш нема да се вратам во музичката индустрија“, истакнала таа.
Навела дека пишува песни за други и напишала неколку од нив во последните две години.
„Кога пишувам, пишувам за забава или пишувам за други луѓе. За оние кои ја прочитале мојата книга, има многу што не знаете за мене. Напишав над 20 песни за други луѓе во последните две години. Јас сум писател-дух и навистина уживам во тоа“, вели Бритни.
Таа се осврна и на неодамнешните написи за нејзината книга.
„Луѓето велат и дека мојата книга е издадена незаконски, без моја дозвола, што е далеку од вистината. Дали ги прочитавте вестите овие денови? Јас сум сакана и благословена“, додаде таа.
Објавата беше придружена со ренесансна слика на Гвидо Рени Салом со главата на Свети Јован Крстител.
Во август 2022 година, Спирс ја објави својата прва нова песна откако беше ослободена од старателството на нејзиниот татко, кој го контролираше речиси секој аспект од нејзиниот живот.
„Hold Me Closer“, дует со Елтон Џон, го одбележа нејзиното враќање во музиката по шестгодишна пауза.
Обожавателите бараат таа да се врати на музиката и иако таа претходно навести дека е претпазлива околу враќањето во индустријата, ова е првпат таа недвосмислено да ја отфрли.
Минатата година таа објави мемоари „Жената во мене“ (The Woman in Me), во кои детално го опиша животот под старателство и откри дека имала абортус додека била во врска со музичарот и актер Џастин Тимберлејк.
„Напредокот во кариерата е нешто што не е во центарот на моето внимание во моментов. Време е да престанеме да бидеме некој што другите луѓе го сакаат; време е навистина да се пронајдам себеси“, напиша таа тогаш.