Оваа мајка има 51 година, а не изгледа ниту ден постаро од ќерка си ФОТО

904

Ли Су Јин има 51 година и како стоматолог живее и работи во Јужна Кореја, но поради тоа не станала позната низ целиот свет. Таа станала позната поради младешкиот изглед и фотографиите на Инстаграм што се проширија низ свет.

Луѓето се зачудени од тоа колку таа изгледа младо, а некои дури кога е во друштво на својата ќерка, не можат да кажат која е помлада, која е постара. Нејзините фотографии повторно станаа вирални на азиските социјални мрежи, а потоа повторно ги пренесоа светските и регионалните медиуми.






Поради нејзиниот младешки изглед, ја нарекуваат божица на вечната младост, пренесува Oddity Central. Кога пред неколку години се појавила во корејската ТВ-емисија „Исти лоши, различни соништа“, таа открила дека направила профили на социјалните мрежи затоа што ѝ недостасувала интеракција со луѓето, со оглед на тоа дека нејзината ќерка престанала да зборува со неа. после средно училиште.

Потоа уживала во вниманието што го привлекла благодарение на својот младешки изглед, па почнала да објавува уште повеќе фотографии. Во еден момент, нејзината ќерка, наводно, ја обвинила дека е зависна од селфи, но тогаш нивната однос се подобрил и тие често позираат заедно, а неретко луѓето мислат дека се сестри.

Поединци зборувале дури дека Ли е и вампир, додека други биле убедени дека таа била подложена на пластична операција. Сепак, виетнамската страница што неодамна пишувала за неа, како што јавува „Индекс.хр“, пишува дека таа никогаш не отишла „под нож“.

Клучот за нејзиниот младешки изглед, вели таа, е балансиран начин на живот, оптимизам и нега на кожата.

 

 

View this post on Instagram

 

#라뮤끄 와 즐거운 수다타임~~🌿 #유튜버 라뮤끄 구독자 137만명 👍

A post shared by 이수진 LEESUJIN💫 (@sjeuro) on

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини