ОВАА КАТАКЛИЗМА Е ЗАКАНА ЗА ПЛАНЕТАТА Раде Шербеџија ги коментираше пожарите во Лос Анџелес
Дали луѓето ќе се вразумат и ќе престанат со војните и безумното уништување на природата? Се плашам дека сè повеќе ќе бидеме сведоци на такви ужаси, изјави познатиот глумец за „24сата.хр“.
Познатиот глумец Раде Шербеџија проговори за пожарите кои со денови беснеат во Лос Анџелес. Тој откри дека осум месеци живеел во Пацифик Палисадес додека ја снимал серијата со Џеф Бриџис.
– Тоа е страшно, луѓето се целосно вознемирени. Оваа катаклизма изгледа како сериозна закана за нашата планета, на која се чини дека ѝ е здодевно од тоа. Дали луѓето ќе се вразумат и ќе престанат со војните и безумното уништување на природата? Се плашам дека сè повеќе ќе бидеме сведоци на такви ужаси – изјави Шербеџија за „24сата.хр“.
Тој смета дека луѓето се однесуваат како да сакаат самите себе да се уништат, а ги критикуваше и политичарите од големите земји кои, како што вели, „безгрижно војдат војна додека луѓето умираат залудно, а филозофите молчат“.