„ОВАА ИГРА НЕ Е НИШТО НОВО“ Лавров во бермуди и маица ја дочека веста дека е хоспитализиран (ВИДЕО)

Неколку светски агенции, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори, претходно објавија дека на Лавров му била укажана лекарска помош поради проблем со срцето.

638

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска на социјалните мрежи демантираше дека шефот на руската дипломатија е хоспитализиран на Бали.

Неколку светски агенции, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори, претходно објавија дека на Лавров му била укажана лекарска помош поради проблем со срцето.






И Министерството за надворешни работи на Русија демантираше дека шефот на руската дипломатија е хоспитализиран.

Захарова напиша дека седи со Лавров и оти не верува во тоа што го чита во медиумите.

– Сергеј Викторович и јас ги читаме вестите во Индонезија и не можеме да им веруваме на нашите очи: излегува дека е хоспитализиран. Ова е, се разбира, лага – напиша Захарова на нејзиниот канал на Телеграм.

 

На Твитер се појави видео на кое се гледа рускиот министер за надворешни работи Лавров како седи на стол на терасата на хотелот, облечен во маица и бермуди.

Запрашан за извештајот, Лавров рече дека една деценија западните новинари лажно пишувале дека рускиот претседател Владимир Путин (70) е болен.

– Ова е тип на игра што не е нова во политиката. Западните новинари треба да бидат повеќе наклонети кон вистината, да ја пишуваат вистината – рече Лавров со иронична насмевка.

Лавров рече дека западните медиуми рутински имаат делумен поглед на настаните и го игнорираат гледиштето на Русија.

Поврзани содржини