ОВАА ГОДИНА ВЛАДАТА ИНВЕСТИРАШЕ 5 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ВЕЛЕС Николоски најави нови проекти за градот

Преку одлуката на Владата за дотации до општините, во општина Велес треба да се инвестираат некаде околу 2.200.000 евра и тоа се договори коишто се веќе потпишани, а тука е секако и социјалната зграда која што е завршена и во тек е конкурсот за распределба на социјалните станови.

297

„Велес инфраструктурно го подобривме, реконструиравме неколку улици низ градот, влезовите целосно ги реконструиравме, а за следната година планираме нови проекти“.

Ова го истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при денешната посета во Велес.






Министерот, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, градоначалникот Марко Колев и со пратениците, извршија увид во реконструираниот влез во градот, дел од регионалниот пат Р1312.

– Во многу краток период сме повторно во Велес да промовираме убави работи, тоа е влезот во градот. Можам да кажам дека само оваа година, во различни проекти, инвестираме некаде околу 5 милиони евра во Велес. Овој влез чини околу 750.000 евра, а преку проектот за локални патишта веќе се инвестирани 1.100.000 евра оваа година. Се работи за три улици коишто се во тек на реконструкција или веќе се реконструирани – изјави Николоски.

Исто така, вели тој, преку одлуката на Владата за дотации до општините, во општина Велес треба да се инвестираат некаде околу 2.200.000 евра и тоа се договори коишто се веќе потпишани, а тука е секако и социјалната зграда која што е завршена и во тек е конкурсот за распределба на социјалните станови.

– Така што, една навистина голема активност, за следната година најавувам уште поголеми активности, и заеднички, заедно со премиерот, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта и со градоначалникот, ќе работиме на уште повеќе проекти. Честитам 80 години слободен Велес и да продолжиме да ги градиме во 21 век идеалите на оние кои што се бореа за независна и слободна Македонија – изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски

 

 

Поврзани содржини