Оваа држава ослободи 25.000 затвореници

Масовните амнестии во текот на празниците не се невообичаени во оваа земја, иако бројот на амнестирани  оваа година е најголем во поновата историја на земјата.

284

Мјанмар соопшти дека ослободи речиси 25.000 затвореници во согласност со одлуката за амнестија на претседателот на земјата, наводно во рамките на традиционалната прослава на Нова Година.

Во соопштението на претседателот Вин Манти, не се наведува дали амнестијата има врска со апелите за ослободување на затвореници заради ризикот од епидемијата на коронавирус во затворите, пренесоа американските медиуми.






Масовните амнестии во текот на празниците не се невообичаени во оваа земја, иако бројот на амнестирани  оваа година е најголем во поновата историја на земјата.

По објавувањето на одлуката на претседателот Вин Манти, пред затворите набрзо се собраа пријатели и роднини на затворениците.

Поврзани содржини