„ОВАА ДРЖАВА“ Е ИЗГРАДЕНА ОД ПАРТИЗАНИТЕ Наместо да зборува за четврти и петти Илинден, ВМРО-ДПМНЕ да го почитува вториот, порача Пендаровски пред борците

„Оваа држава не е падната од небо, оваа држава е направена од партизаните во Втора светска војна врз основа на традициите од првиот Илинден. И ние мораме да ја крепиме таа, да биде жива таа традиција затоа што во спротивно, немаме основа и имаме жив песок во кој ќе пропаѓаме“, порачал Пендаровски пред претставници на Сојузот на борци од НОАВМ.

504

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска го посети Сојузот на борци од НОАВМ и граѓаните продолжувачи, каде со присутните разговараше за актуелните политичко-општествени теми.
Во своето обраќање, Пендаровски посочи дека на политичката сцена има главно две структури, едната која укажува почит кон Сојузот на борци и хероите од Народно ослободителната војна и друга структура, која покажува елемeнтарно непочитување на партизаните.
– За жал, како што поминуваат годините една политичка структура ве почитува, друга политичка структура не ве почитува и со годините тоа не се менува. Тие се обидоа сега да го сменат како велат рувото, но карактерот останува ист. Денес повторно, противкандидати мои или наши да речам се луѓе кои пред повеќе од 10 години ве бркаа од просториите за кои на стари години моравте да марширате кога немаше волја да ги решаваат најважните проблеми што ги имавте. Вашите потреби не се големи, имате една просторија во која ќе се собирате, во која ќе разговарате и ќе ги негувате традициите. Другата структура независно од промената на имиња, презимиња дали е Стево, дали е Петко, дали е Трајко, Рамиз, небитно е, таа ве почитува затоа што знае дека оваа структура на луѓе и нашите предци и вашите предци и претходници ја направија оваа држава. Значи, оваа држава не е падната од небо, оваа држава е направена од партизаните во Втора светска војна врз основа на традициите од првиот Илинден. И ние мораме да ја крепиме таа, да биде жива таа традиција затоа што во спротивно, немаме основа и имаме жив песок во кој ќе пропаѓаме – порача Пендаровски.
Осврнувајќи на се на понудата на ВМРО-ДПМНЕ, претседателскиот кандидат Пендаровски посочи дека нивната кандидатка Гордана Силјановска Давкова и самата партија ВМРО-ДПМНЕ прво треба да го почитуваат вториот Илинден, пред да најавуваат четврти и петти Илинден.
Во соопштението од штабот на Пендаровски се забележува дека тој во обраќањето до борците не го употребува терминот „Северна Македонија“, но ни името „Македонија“, така што цело време зборува за „оваа држава“.

Во соопштението се вели дека тој од страна на присутните членови на Сојузот на борци од НОАВМ и граѓани поддржувачи добил уверување дека со нивна поддршка и поддршка од мнозинството граѓани, ќе добие уште еден претседателски мандат.

 

Поврзани содржини