🎥 ОВАА АКТЕРКА БИЛА ГОЛЕМАТА ЉУБОВ НА ЗДРАВКО ЧОЛИЌ Иако никогаш не биле во врска, пејачот ѝ ја посветил својата најубава балада

Дали знаевте дека Здравко Чолиќ, еден од најпопуларните пејачи во поранешна Југославија, ѝ ја посветил својата прекрасна балада „Noć mi te duguje“ на познатата босанско-херцеговска актерка Јасна Орнела Бери?

910

Јасна Орнела Бери, актерка од Босна и Херцеговина, позната по улогите во филмовите „На пат“, „Грбавица“ и „Во земјата на крвта и медот“ од Анџелина Џоли, во едно интервју открива дека таа била големата љубов на Здравко Чолиќ. Се заљубиле еден во друг кога биле млади, во Сараево, но никогаш не биле во врска и за ова многу малку се зборувало во јавноста.

– Дел од моето срце секогаш ќе биде резервиран за него. Првпат по војната се сретнавме во Белград, тоа беше многу трогателна средба што никогаш нема да ја заборавам. Тој е фасцинантна личност и успешно ја одржува својата харизма дури и денес. Пред сè, тој е добар човек. Чола ми ја посвети песната „Ноќ ми те дугује“, која самиот ја напиша – вели актерката и нагласува дека имале специфична врска.






– Не можам да кажам дека се забавувавме или дека бевме во врска. Тоа е посебна врска што трае и денес. Тоа е и понатаму љубов што не можеш да ја галиш и да ја држиш за рака. Здравко секогаш ќе остане сечиј и ничиј – вели Јасна во интервјуто.

Да потсетиме дека Здравко е среќно оженет со Александра веќе 19 години и со неа ги има ќерките Уна и Лара.

 

Поврзани содржини