„ОВА ЗАПАДОТ НИКОГАШ НЕМА ДА ТИ ГО ПРОСТИ“ Што му рече Лавров на Вучиќ по неговиот говор во ОН?
Лавров ова го кажал откако Вучиќ во својот говор ја повика меѓународната заедница да им се врати на основните принципи што се наведени во Повелбата на ОН, на која се обврзаа сите членки на Обединетите нации.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров му рече на претседателот на Србија Александар Вучиќ по неговиот говор на 78-то заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк: „Ова Западот никогаш нема да ти го прости“, пренесува Новости.
Лавров ова го кажал откако Вучиќ во својот говор ја повика меѓународната заедница да им се врати на основните принципи што се наведени во Повелбата на ОН, на која се обврзаа сите членки на Обединетите нации.
Тој потсети дека речиси сите големи западни сили ја погазија споменатата повелба на примерот на Србија во 1999 година, кога без согласност на Советот за безбедност на ОН одлучија да ја бомбардираат земјата.
Тој укажа и на лицемерноста на Западот во врска со прашањето на Украина и заштитата на нејзиниот територијален интегритет, додека тоа на примерот на Србија не го бараа ниту го заштитија.
Затоа Вучиќ ги повика земјите да ги почитуваат принципите за сите, па тие да важат и за големите и за малите држави.