Ова што го шетате Филипче насмеан по митинзи народот нема да ви го заборави!

2,784

Нема поголем безобразлук и неморал од тоа да го шетате министерот во оставка низ предизборна кампања или да си прави ПР пред маратон.

Па уште слики, насмеан и ведар, збори за победа и напредок.






Тоа значи дека веќе сте си ја донеле својата политичка одлука да нема никаква одговорност за смртта на 14 луѓе и очајните услови во кои сте ги сместиле.

Ова народот нема да ви го заборави, може нема одма да има можност да го казни, ама како ќе минува времето, така гневот и вашата вина ќе бидат поголеми, дотаму да ве прогонуваат до крајот на животот.

(ФБ статус на авторот)

Поврзани содржини