ОВА ШТО ГО ПРАВИ БУГАРИЈА Е СТРАШНО! Унгарија бара вистинските разговори за членство на Македонија во ЕУ да почнат веднаш

„Кога ќе го преземеме претседателството со ЕУ, ќе ги превртиме сите камења, за да се осигураме дека членството на Северна Македонија и Западен Балкан ќе се случи што поскоро“, рече шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во Скопје.

779

„Страшно е што Бугарија го блокираше писмото што требаше да се испрати на РСМ пред неколку недели. Македонија е кандидат веќе 18 години и да не може да започне преговори е ужасно и покажува непочитување кон земјата и е контрадикторно со интересите на ЕУ“, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, кој е во работна посета на земјата.

– Тие што го кочат пристапувањето треба да знаат дека го поткопуваат и кредибилитетот на Унијата. Кога ќе го преземеме претседателството со ЕУ, ќе ги превртиме сите камења, за да се осигураме дека членството на Северна Македонија и Западен Балкан ќе се случи што поскоро – рече шефот на унгарската дипломатија.






Тој смета дека проширувањето на Европската Унија треба да се забрза веднаш со Северна Македонија.

– Вистинските разговори треба да започнат веднаш и да се заокружат со цел Северна Македонија да стане членка – нагласи тој, на прес-конференција во Скопје со шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.

Сијарто изрази остра реакција и за бугарската такса за увоз и пренос на природен гас.

– На секоја земја ` е важно да обезбеди снабдување со енергија. Никој нема право да ја загрозува безбедноста на другите за снабдување со енергија – рече Сијарто, откако Унгарија поднесе жалба до Европската комисија против бугарската такса.

Тој оцени дека тоj чекор e акт на непријателство од страна на Бугарија.

На одлуката на Бугарија се жали и Македонија. Шефот на македонската допломатија, Бујар Османи, izjavi дека ова е нелегално поставена такса, што е спротивно на европските правила и таа нанесува штета на македонската економија. „

– Ја известивме ЕК и баравме координиран пристап со цел да се острани оваа нелегално поставена такса – рече Османи.

Поврзани содржини