📽 ОВА СЕ СЛУЧИЛО ВО БРИСЕЛ 14 ГОДИНИ ПО ФОРМИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА Зоолошка градина со Црнци од Конго за забава на белите Европејци

Во подножјето на Атомиумот, кој беше смислен како одговор на париската Ајфелова кула, под името Конгорама, зад бамбусова ограда, во „традиционална“ облека, беа изложени 598 Конгоанци донесени од Африка - 273 мажи, 128 жени и 197 деца, вкупно 183 семејства. Изложбата беше поставена за образование и за забава на белите Европејци.

1,516

Пред 65 години, Белгија организираше прикажување во живо на луѓе од Конго, за Светскиот саем во 1958 година. Пред повеќе од 5 години Гардијан потсети на овој малку познат факт, во статија во која опишува како земјата го преиспитува тоа наследство и се помирува со „човечките зоолошки градини“ од нејзиното колонијално минато.

Пред 65 години, Белгија го организираше отворањето на Светскиот саем, блескава 200-дневна прослава на повоениот социјален, културен и технолошки напредок. Тогаш беше промовиран и Атомиумот, футуристичка знаменитост изградена специјално за овој спектакл.






Сепак, една изложба поставена во тоа време фрли сенка на сите настани – прикажување во живо на црнци, жени и деца, во „природни услови“. Изложбата беше поставена за образование и за забава на белите Европејци.

Тоа беше последната „човечка зоолошка градина“ во светот.

Во 1958 година, Белгија сè уште владееше со Конго, со територијата 80 пати поголема од земјата колонизатор. Централно-африканската држава богата со минерали ѝ донесе на малата Белгија престиж и углед во трката со колонијалните велесили Велика Британија и Франција.

Во подножјето на Атомиумот, кој беше смислен како одговор на париската Ајфелова кула, 8 хектари земја со 7 павилјони, под името Конгорама, беа посветени на темите на рударството во Конго, неговата уметност, транспортот и земјоделството. Во 3 хектари тропски градини, зад бамбусова ограда, во „традиционална“ облекабеа изложени 598 Конгоанци донесени од Африка – 273 мажи, 128 жени и 197 деца, вкупно 183 семејства.

Човечките зоолошки градини во никој случај не беа новина на Запад. Тие беа редовно одржувани во 19 век во Лондон, Париз, Осло и во Хамбург. Во Њујорк во 1906 година, на еден млад Конгоанец со наострени заби, му дале дом во куќата на мајмуните во зоолошката градина во Бронкс.

Во летото 1897 година, кралот Леополд II увезол 267 Конгоанци за да бидат изложени околу неговата колонијална палата во Тервурен, источно од Брисел. Тие веслале со нивните кануа по кралските езера, додека белите Белгијци шетале преку мост со јаже за да добијат најдобар поглед на изложените примероци. Тоа лето било многу студено, па 7 Конгоанци починаа од пневмонија и грип, а нивните тела беа фрлени во необележана масовна гробница на локалните гробишта. Но, толкава била популарноста на зоолошката градина и на другите експонати, што подоцна требало да се постави постојана изложба на локацијата. Првично наречениот Музеј на Конго, сега е Кралски музеј за Централна Африка.

Изложбата од 1958 година била помала по обем, но слична по содржина. Поставката била „типично“ село, каде што Конгоанците ги поминувале деновите занимавајќи се со своите занаети во колиби од слама, додека беа исмејувани од бели мажи и жени кои стоеле на работ. Ако немало реакција, белците им фрлале пари или банани на изложените Конгоанци зад бамбусовата ограда.

До јули таа година, човечката зоолошка градина била затворена. Во јуни 1960 година Конго ја доби својата независност.

Погледнете едно видео како изгледал овој необичен музеј во Брисел:

;

Поврзани содржини