📷 ОВА СЕ ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ Во полиција се од вчера, денеска се однесени на местото на злосторството!

Како што објави Информер, двајцата работници кои тој ден го должеле автомобил и работеле во Бањско поле, возеле брзо и удриле девојче кое очигледно залутало надвор од дворот.

1,924

С.Ј. (50) од Злот е уапсен откако признал дека со колега ја удриле Данка Илиќ (2) со службено возило, а потоа нејзиното тело го фрлиле на дива депонија.

Осомничени за убиството на Данка Илиќ (2) се Срѓан Јанковиќ од селото Лука и Дејан Драгијевиќ од селото Злот.






Јанковиќ е осомничен дека управувал службено возило ЈКП „Водовод“ и наводно удрил во двегодишно девојче на Бањски пат, додека со него бил Драгијевиќ.

Дејан и Срѓан се колеги и се истражуваат околностите под кои се случило се.

– Дејан не е женет, по село никогаш не правел големи проблеми, но се знае дека сака да пие. Никогаш не мислевме дека ќе биде способен за вакво нешто – велат неговите блиски пријатели за српски Курир.

Според соседите, Срѓан е разведен и долго време е вработен во „Водовод“.

– Се разведе пред околу една година, има син и снаа, а имаат и мало девојче. Има внука, не знам како можеше да му текне такво нешто, се надевам дека не е вистина – раскажува сосед од селото Лука.

Инспекторите ги донеле на местото на злосторството, односно на местото каде најверојатно со својот автомобил ја прегазиле малата Данка.

Како што пишува „Блиц“, во автомобилот биле пронајдени траги од крв, по што била извршена ДНК анализа и потврден е идентитетот на исчезнатата Данка Илиќ.

Според планот за работа на компанијата, се знаело кој управувал со автомобилот во критичното време а со проверка на базните станици тоа се потврдило. Осомничените се приведени и веднаш го признале убиството, вели изворот на „Блиц“.

С.Ј. е осомничен дека на улицата Радомир Путник со службеното возило „фиат панда“ удрил во пешак, двегодишно девојче Данка, и ја усмртил. Заедно со колегата Д.Д. телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија на Старобањскиот пат кај Бор, каде го фрлиле телото на десната страна од патот.

С.Ј. е обвинет за сторено тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, а Д.Д. за помош на сторителот по извршувањето на кривичното дело. По апсењето и на двајцата им е одреден притвор од 48 часа.

Како што објави Информер, двајцата работници кои тој ден го должеле автомобил и работеле во Бањско поле, возеле брзо и удриле девојче кое очигледно залутало надвор од дворот.

„Таа стоела на сред пат, а тие со полна брзина налетале на неа. Излегле надвор, наместо да ѝ помогнат, ја ставиле во багажникот. Го однеле детето до депонијата и го фрлиле таму. Прво го затрупале со ѓубре, за да не се забележи, а потоа отишле и се договориле темелно да го исчистат автомобилот со киселина и хемиски средства за да се отстранат трагите од крв. Само со форензичка анализа и употреба на специјални светилки се утврдени траги од крв. Подоцна било утврдено дека крвта е на Данка“, пишува Информер.

Наводно двајцата во неколку наврати се враќале на депонијата за дополнително да го закопаат телото.

Веста дека е убиена Данка Илиќ ја соопшти претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Поврзани содржини