Ова се најскапите фудбалери во Италија – Лукаку е најскапиот (ФОТО)
Во нападот има двајца напаѓачи од Интер - Мартинез кој е проценет на 70 милиони евра и најскапиот играч во лигата - Ромелу Лукаку, кој е проценет на 85 милиони евра.
Реномираниот портал „Трансфермаркет“ објави фотографија на која се прикажани најскапите фудбалери во италијанската Серија А за оваа сезона, а изненадувачки е тоа што милански Интер има дури четворица свои играчи на листата.
На голманска позиција се наоѓа Донарума од Милан кој е проценет на 60 милиони евра, а во одбраната се Кулибали од Наполи, Де Фрај од Интер и Де Лихт од Јувентус. Кулибали е проценет на 65 милиони евра, Де Фрај на 60 милиони евра, а Де Лихт на 70 милиони евра.
Во средниот ред се Кристијано Роналдо од Јувентус, Дибала од Јувентус, Заниоло од Рома, Савиќ од Лацио и Ериксен од Интер. Роналдо е проценет на 60 милиони евра, Дибала на 80 милиони евра, Заниоло на 55 милиони евра, Савиќ на 65 милиони евра и Ериксен на 60 милиони евра.
Во нападот има двајца напаѓачи од Интер – Мартинез кој е проценет на 70 милиони евра и најскапиот играч во лигата – Ромелу Лукаку, кој е проценет на 85 милиони евра.
Вкупно, овој состав чини 730 милиони евра.