Страницата „Shotkit“ ја претставила листата со неколку најскапо платени фотографии кои папараците во изминатите децении успеале да ги направат.
Фотографијата вредна неверојатни шест милиони долари ја прикажува принцезата Дијана и нејзиниот партнер, Доди Фаед, како одмараат на јахта. Нејзе ја потпишува „Rex Features“, а направена е кратко пред трагичната смрт на омилената принцеза.
Втората најскапа фотографија го прикажува телото на починатата манекенка Ана Никол Смит, односно трупот кој ѕирка од црната ќеса. Фотографијата била продадена за 1,5 милиони долари.
На третото место е уште една фотографија од Ана, која била продадена за милион долари. На фотографијата се прикажани таа и Хауард К. Стерн на нивната неофицијална венчавка на брод.
За истата сума (еден милион долари) била продадена и првата фотографија која го прикажува бебето на актерката Гвинет Полтроу и музичарот Крис Мартин.
Последната фотографија на Даниел Смит, синот на Ана Никол Смит, која го прикажува во болница додека во прегратки ја држи неговата полусестра и позира со мајка му, е продадена за 675.000 долари. Даниел починал во истата просторија како последица од предозираност.
Фотографијата вредна половина милион долари ја прикажува ќелавата Бритни Спирс, која ја избричи главата кога доживеа нервен слом. Таа настанала во 2007 година, а ја потпишува „Bauer Griffin“.
Последните две места на оваа листа ги заземаат фотографии од Бред Пит и Анџелина Џоли. И двете фотографии се продадени за половина милион долари – едната го прикажува парот на плажа, а втората е првото појавување на Анџелина во јавноста откако откри дека е бремена.
ФОТО: Твитер/Пинтерест/Инстаграм/Јутјуб