Ова се најпаметните лица на Холивуд: Нивниот коефициент на интелигенција е поголем од повеќето луѓе!
Некои успеаја да се стекнат со универзитетска диплома, а некои беа дури и пред докторат. Дури 10 холивудски суперsвезди можат да се пофалат со коефициент на интелигенција поголем од 130!
Некои холивудски лица, покрај нивниот талент за глума или музика, големото богатство, луксузните недвижнини и брзите автомобили, можат да се пофалат и со надпросечен коефициент на интелигенција.
Некои успеаја да се стекнат со универзитетска диплома, а некои беа дури и пред докторат. Дури 10 холивудски суперsвезди можат да се пофалат со коефициент на интелигенција поголем од 130!
Шакира зборува 5 јазици, својата прва песна ја напишала кога имала 4 години. Иако има IQ 140, таа не се запиша на колеџ.
Синди Крафорд беше ученик на генерацијата. Ја сакала науката, па добила стипендија за хемиско инженерство. Сепак, таа влезе во светот на модата, па светот остана без еден хемиски инженер, но доби супермодел.
Актерот Мет Дејмон има IQ 160. Тој го напиша сценариото за филмот „Good Will Hunting“ за време на студиите на Харвард, кој подоцна го доработи заедно со Бен Афлек, за кој го освои Оскарот за најдобро сценарио.
Актерката Натали Портман дипломирала психологија на Харвард. Таа зборува 5 јазици, а се проценува дека нејзиниот коефициент на интелигенција е 140. Сепак, таа ја направи својата кариера како актерка, а не како психолог.
На 14-годишна возраст, Квентин Тарантино го напишал едно од неговите први сценарија. Никогаш не отишол на колеџ, но не му требал. Резултатот од IQ-тестот од 160 веројатно е основа за освојување на два Оскари.
Ева Лонгорија работела за време на средно училиште за да и помогне на нејзината мајка да се грижи за сестрата со посебни потреби. После тоа, таа успеа да ги заврши додипломските и магистерските студии, а потоа работеше напорно за да биде толку успешна денес.
Шерон Стоун може да се пофали со коефициент на интелигенција од 151, што ја рангира на 0,1 процент од светската популација што може да се пофали со овој резултат. Се запишала во второ одделение од основно училиште на 5-годишна возраст, а веќе на 15-годишна возраст добила стипендија за колеџ.
Стив Мартин студирал филозофија, но не успеал да го заврши факултетот. Тоа не го спречи да направи завидна филмска кариера и да стане член на Менса.
Рашида Џонс рече дека била „бубалица“ со компјутер во училиште. Студирала религија и филозофија на Харвард и успеала да дипломира на дваесет и една година. После тоа, таа имаше одлична актерска кариера.
За Роуан Аткинсон кружат гласини дека тој има IQ 178, што воопшто не одговара на ликот на Мистер Бин кој го направи славен. Тој беше одличен ученик кој секогаш добиваше високи оценки на училиште. Студирал инженерство на Универзитетот во Њукасл. Потоа замина во Оксфорд за да стане магистер по наука, па дури и го започна својот докторат, но глумата била посилна.