ОВА СЕ НАЈГОЛЕМИТЕ ЗАБЛУДИ ЗА НАЈОМИЛЕНОТО ПАРЧЕ ОБЛЕКА ВО ИСТОРИЈАТА Широкиот крој повеќе шири…
Сите сакаат да ги носат, и младите и старите, и тенките и оние со повеќе килограми - фармерките се најомиленото парче облека на светот.
Во историјата на модата, ниту едно парче облека не зазема такво место како фармерките. Одговараат на сите генерации, со малку стил се прилагодливи за сите прилики, благодарение на дизајнерите има толку многу модели така што секој може да го пронајде оној што му одговара, а и лесни се за одржување.
Сепак, тие се поврзуваат и со заблуди, поради кои некои луѓе ги избегнуваат. Разубедете се!
Тесните фармерки (скини-џинс) се за слаби луѓе
Тесните фармерки ги импонираат речиси сите бидејќи визуелно ги издолжуваат нозете и погрешно е да се верува дека одговараат само на слабите жени. Жените со облини би требало да избегнуваат фармерки со широк крој, бидејќи визуелно уште повеќе ќе ги прошират и ќе им ги скратат нозете. Многу е важно, напоменуваат стилистите, која нијанса на тесни фармерки ќе ја одберете. Ако имате облини, темните фармерки секако подобро ќе ви стојат, а оние што се многу бледи сепак најдобро им стојат на тенките жени.
Фармерките треба да се перат по секое носење
Џинсот е материјал кој е осмислен да трае и да биде издржлив. Вистина е дека вашите фармерки ќе бидат чисти по секое перење, но исто така ќе стануваат сѐ послаби и побледи. Ако сакате да им го продолжите векот, перете ги што е можно поретко и редовно проветрувајте ги. Секако, кога се валкани и шират непријатни мириси, не ви преостанува ништо друго освен да ги ставите во машината за перење.
Рамните чевли одлично одат со ѕвонарки
Ова е сосема погрешно. Фармерките во облик на трапез (ѕвонарки) одат исклучиво со високи потпетици. Правило е дека ѕвонарките, кога носите потпетици, треба лесно да го допираат подот. Носењето ѕвонарки или фармерки со широк крој со рамни чевли само визуелно ќе ви ги скрати нозете, што воопшто не изгледа добро.
Ако „влезете“ во нив, ги купувате
Фармерките се едно од најсложените парчиња облека што можете да ги купите. Не треба да ги купувате само затоа што можете да „влезете“ во нив, туку ако тоа ви успее и ако сте задоволни како ви стојат. Внимавајте како изгледаат одзади, дали се премногу плитки, дали ви одговара кројот со или без џебови, како и за тоа какви џебови најмногу ви прилегаат.