Ова се 10 земји во светот каде нема коронавирус, сепак економски крахираат

883

Пандемијата на коронавирусот го зафати целиот свет освен 10 држави во кои вирусот засега го нема, но и нивната економија е тешко погодена, јавува BBC.

Земји во кои нема регистрирано случаи на коронавирусот се Палау, Микронезија, Маршалските острови, Науру, Кирибати, Соломонските острови, Тувал, Самоа, Вануату и Тонго.






Но пандемијата тешко ги погоди економиите во тие земји.

BBC наведува дека во 2019 година Палау го посетиле 90.000 туристи, што е за пет пати повеќе од вкупниот број на жители.

Поради пандемијата границите на Палау се затворени, па иако немаат ниту еден заразен , вирусот ја опустошил земјата.

Поврзани содржини