ОВА НЕМА ДА ФУНКЦИОНИРА БЕЗ РУСИЈА И УКРАИНА Маѓар побара да се пушти нафтата низ клучната рута „Дружба“

Повикувајќи ја Украина да пушти нафта низ нафтоводот „Дружба“, новиот унгарски премиер вели дека Унгарија исто така од Русија очекува да почне да внесува нафта во нафтоводот во согласност со договорите, бидејќи, како што вели „ова нема да функционира без ниту еден од нив (Украина и Русија)“.

466

Новиот премиер на Унгарија Петер Маѓар го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да го обнови транспортот на руска нафта низ нафтоводот „Дружба“, кој беше оштетен во јануари, додека Будимпешта очекува испораките да продолжат, објави Ројтерс.

– Доколку од украинска страна нафтоводот „Дружба“ е подготвен за испорака на нафта, тогаш тие треба љубезно да го отворат повторно како што ветија – изјави Маѓар на прес-конференција по првиот состанок на неговата парламентарна група.

Во меѓувреме, западните медиуми напишаа дека од 1 мај Русија ќе го суспендира извозот на казахстанска нафта во Германија преку истиот нафтовод.

Маѓар вели дека Унгарија исто така од Русија очекува да почне да внесува нафта во нафтоводот во согласност со договорите, бидејќи, како што вели „ова нема да функционира без ниту еден од нив (Украина и Русија)“.

„Проектот Пакс-2 вреден 12,5 милијарди евра, чие завршување, според Маѓар, би можело да чини 24 милијарди, му беше доделен на рускиот Росатом без конкурентен тендер и долго време се наведува како симбол на блиските врски меѓу претседателот Владимир Путин и Орбан“, се вели во текстот на  Ројтерс.

– Мораме да испитаме дали условите за кредитот можат да се реструктуираат, дали оваа важна и неопходна инвестиција може да се финансира со подобри услови. Исто така, треба да видиме дали пазарот може да се отвори и дали процесот може да се забрза – додава Маѓар.

Нафтоводот „Дружба“ е клучен за снабдувањето со енергија на Унгарија. Прекинот има директни последици врз земјата. Секое одложување создава дополнителен притисок. Властите во Будимпешта бараат брзо решение.

Маѓар го повика Зеленски да го исполните своето ветување и да престане со секакви обиди за политичко условување.

Тој подвлече дека иако неговата идна влада нема да го блокира европскиот заем од 90 милијарди евра за Украина, но дека очекува Зеленски да покаже професионалност и да не ја користи енергетската инфраструктура како алатка за „политичка уцена“, бидејќи таквиот став само ги нарушува односите меѓу двете земји.

Од друга страна, Кремљ во вторникот соопшти дека Русија е технички подготвена да го продолжи протокот на нафта преку нафтоводот до Унгарија и Словачка ако и кога Украина заврши со, како што велат оттаму, „уцената“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју емитувано во понеделник изјави дека ќе биде повторно ставен во функција до крајот на април.

Претходно, Зеленски изјави дека од Маѓар ќе бара враќање на пари и злато. Станува збор за средства на украинската државна „Ошчадбанка“, кои беа блокирани за време на владеењето на поранешниот премиер на Унгарија Виктор Орбан.

Ова прашање дополнително ги оптоварува односите меѓу двете земји. Медиумите потсетуваат дека на 6 март оваа година, унгарските власти уапсија седум украински државјани под сериозно сомнение за перење пари.
Според полициските извештаи, оваа група се обидела да прошверцува огромно богатство преку територијата на Унгарија: 40 милиони долари, 35 милиони евра и дури девет килограми злато.

Парите и златото беа запленети од унгарските власти.

Унгарија во времето на Виктор Орбан многупати блокираше средства од Европската Унија наменети за Унгарија. Последниот заем изнесува 90 милијарди евра.

Поранешниот премиер на Унгарија Виктор Орбан своевремено изјави дека блокадата на парите ќе се укине кога нафтоводот ќе биде повторно во функција.

ЗЕЛЕНСКИ ЌЕ БАРА ЗЛАТО И МИЛИОНИ ОД МАЃАР Колку милиони беа блокирани во времето на Орбан?

 

Поврзани содржини