🎥 ОВА НЕ НИ ГО ПРИКАЖА РЕЖИСЕРОТ Фудбалерот на Барселона го плукна фудбалерот на Интер

Откако топката заврши во мрежата, дојде до краток, но интензивен судир меѓу дефанзивците Франческо Ачерби и Иниго Мартинез.

715

Фудбалската вечер во Милано, исполнета со голови, пресврти и со адреналин, во еден момент беше засенета од инцидент кој предизвика бурни реакции во јавноста. Иако натпреварот помеѓу Интер и Барселона, одигран како реванш од полуфиналето во Лигата на шампионите, заврши со нов спектакуларен резултат од 4:3 (вкупно 7:6), главна тема по мечот не беа головите – туку еден гест кој фрли дамка врз натпреварувањето.

Инцидентот се случи на самиот крај од првото полувреме, непосредно по вториот гол на Интер, кој го постигна Хакан Чалханоглу од белата точка во 45 минута. Откако топката заврши во мрежата, дојде до краток, но интензивен судир меѓу дефанзивците Франческо Ачерби и Иниго Мартинез.






Според снимките кои се појавија на социјалните мрежи, видливо е дека Иниго Мартинез исплукал во правец на Ачерби, откако овој, наводно, му славел в лице за голот што го постигна соиграчот. Иако непосредно пред пеналот двајцата играчи се поздравиле, моментот по погодокот изгледа ги разгорел страстите, што доведе до недостојно однесување од страна на шпанскиот дефанзивец.

Ситуацијата не заврши тука – шпанските медиуми објавија дека постои сомневање дека Ачерби физички го нападнал Мартинез, но за тоа не постојат визуелни докази. ВАР-собата ја прегледала снимката од моментот, но одлучила дека нема доволно елементи за директен црвен картон, па инцидентот остана без официјална казна од судиите.

Во меѓувреме, УЕФА најави дека ќе го разгледа случајот врз основа на извештајот на судијата и дополнителните видео-докази, со што е можно да следуваат санкции.

🎥 КОГА ФУДБАЛОТ СТАНУВА УМЕТНОСТ Интер и Барса приредија спектакл кој ќе се раскажува

Поврзани содржини