Главниот актер Ентони Мајкл Хол има визии кои ја претскажуваат иднината. Во една од нив тој ги гледа децата во училиштето, кои сите се заразени, па го моли градоначалникот училиштeто навреме да го стави во карантин.
Не само што авторите на американската серија ги предвиделе денешните настани, туку и нивниот редослед.
Локалниот здравствен инспекторат се обидува да сфатат од каде вирусот дошол, и шпекулираат дека можно е да го донеле луѓе од Кина кои оттаму допатувале. И за тоа, откаде вирусот дошол: можеби животните го пренесуваат? Тој зборува дека на американските здравствени власти, Центарот за контрола и превенција на болести (CDC) ќе им бидат потребни месеци за да пронајдат лек или да го откријат потеклото на вирусот.
Освен што училиштето веднаш е ставено во карантин, во серијата зборуваат за носењето маски.
Актерите разговараат за вирусот кој потекнува од Кина, предизвикува висока температура и респираторни проблеми, а истиот може да се лекува со хлорокин: тоа е сцена од американската ТВ-серија која што е снимена уште во 2003 година, која поради својата фрапантна сличност со пандемијата на ковид-19 од средината на мај кружи низ интернет. За некои тоа е доказ дека ковид-19 е резултат на заговор: како инаку би било можно реалноста толку многу да одговара на сценариото од ТВ-серијата?
Тоа е сцена од 14-та епизода од втората сезона на американската ТВ-серија „Dead Zone“. За да го избегнат ширењето на заразата, заболените од серијата се ставаат во долготраен карантин.