ОВА НЕ Е САМО ЛИЧНА ТРАГЕДИЈА, ТУКУ ПОТСЕТНИК КОЛКУ Е КРЕВКА БЕЗБЕДНОСТА ВО СООБРАЌАЈОТ Државниот врв на отварањето на Фондацијата „Фросина Кулакова“
Моја обврска не е само да реагирам по несреќите, туку да направам сè што е можно тие да не се случуваат. Токму затоа, од оваа недела почнуваме со имплементација на системот „Безбеден град“, систем што пред сè има цел да спасува животи, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на Фејсбук.
Вечерва присуствував на свеченото отворање на Фондацијата „Фросина Кулакова“ – иницијатива што произлезе од огромна болка, но и од уште поголема сила да се спречат идни трагедии, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на Фејсбук.
„Фросина беше млада девојка со живот пред себе, кој прерано и неправедно беше прекинат во сообраќајна несреќа. Ова не е само лична трагедија за едно семејство, туку потсетник за сите нас колку е кревка безбедноста во сообраќајот и колку сериозно мора да ја сфатиме одговорноста зад воланот. Фондацијата носи важна мисија за унапредување на безбедноста во сообраќајот, поддршка за семејствата погодени од сообраќајни несреќи, иницијативи за подобрување на законската заштита и поддршка на млади таленти“, вели Тошковски.
Како министер за внатрешни работи, додаде, силно верувам дека секој изгубен живот на патиштата е опомена за сите нас.
„Моја обврска не е само да реагирам по несреќите, туку да направам сè што е можно тие да не се случуваат. Токму затоа, од оваа недела почнуваме со имплементација на системот „Безбеден град“, систем што пред сè има цел да спасува животи. Со современа технологија, доследна примена на правилата и поголема одговорност кај сите учесници во сообраќајот, градиме побезбедна средина за нашите деца, за младите и за секој граѓанин.
Секој непочитуван пропис може да значи загубен живот. Нашата цел е тоа да го спречиме“, порача тој.
Оваа вечер, додаде, посветена и на уметноста и модата, нешта што Фросина ги сакаше, нè потсетува дека зад секоја бројка во статистиката стои човечка судбина, семејство и иднина.
„Во чест на Фросина и во име на сите млади луѓе кои имаат право на безбедни улици, продолжуваме уште поодлучно со засилена превенција, поголема одговорност и јасна грижа за секој човечки живот“, рече министерот.

„На покана на семејството Кулакови, со длабока почит и чувствителност, учествував на донаторската вечер и на отворањето на Фондацијата „Фросина Кулакова“, настан што нè потсетува дека сеќавањето и солидарноста мора да се трансформираат во конкретна акција. Во чест на Фросина, ја потврдив нашата заедничка одговорност за поголема безбедност, правда и човечка поддршка“, објави претседателот на Собранието, Африм Гаши.