ОВА НЕ Е ПОРАЗ, ОВА Е ИЗБОРНО ЦУНАМИ! Костадинов бара итни реформи во СДСМ
Ова не е обичен пораз, туку тежок политички и морален удар за СДСМ, напиша поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов.
По 20 години владеење, во општината која долго време беше пример за прогрес, СДСМ ќе се најде во опозиција, истакна Костадин Костадинов во својата објава на Фејсбук. Тој честита на новиот градоначалник и на мнозинството во Советот на Општината, оценувајќи дека резултатот ја покажува волјата на струмичанки и струмичани.
– Од резултатите на Државната изборна комисија е јасно дека изборното цунами се разлеа низ речиси сите општини во државата. Ова не е обичен пораз, туку тежок политички и морален удар за СДСМ“, напиша Ко
Тој посочи дека СДСМ сега е четврта политичка сила и дека не влезе во втор круг во Скопје, што, според него, укажува на потребата од политичка одговорност и итни реформи во партијата.