„ОВА НЕ Е ИНАЕТ, АМА НЕ ПОПУШТАМ НИТУ МИЛИМЕТАР“ Мицкоски призна дека трпи притисоци за уставните измени

954

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, говорејќи за уставните измени, истакна дека точно е дека постојат притисоци, но нема да попушти ни милиметар, бидејќи не се работи за инает, туку за одбрана на државните интереси.

– Ако ме прашувате дали има притисок и дали има непријатни состаноци, ќе ви кажам – да, има притисок и има непријатни состаноци. Но, ако ме прашате дали сум подготвен да паднам на тој притисок, ќе ви кажам дека ни милиметар нема да се поместам. Затоа што моите аргументи кои јас ги пренесувам на тие состаноци не се аргументи втемелени на инает, туку на логичен след на настаните. Разговараме и дебатираме – потенцира Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ставот го кажа уште во 2022 година и дека оттогаш ништо не е променето.

– Нашата позиција беше јасна уште на онаа прес-конференција на 28 април 2022 година. Тука не поставиме простор никој да има дилема, втората точка од таа прес-конференција беше формирање на тимови кои ќе преговараат со Бугарија и вклучување на тимови од ВМРО-ДПМНЕ кои ќе работат про-боно да ѝ помогнат на владата. Затоа што ,замислете го Ковачевски поставен во јануари 2022 година, неизбран од народот, веќе во април стигнува информации дека нешто се подоготвува. Излеговме во јавност, му понудивме решение и прашзавме дали овој човек имал воопшто информации за процесот. Секако, тој не е вториот Кисинџер да може за 3 месеци да направи нешто со кое сите ќе бидеме задоволни, затоа понудивме луѓе кои ќе помагаат. За жал, бевме одбиени – рече Мицкоски.

Тој додаде и дека имал средба, заедно со  потпретседателот Николоски и со пратеникот Милошоски, со Маричиќ и со координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски, на кој власта повторно изнела плитки аргументи и не сакала да ги прифати аргументите на ВМРО-ДПМНЕ:

– Бидејќи ги следам пораките кои доаѓаат од СДСМ, да сме се вклучеле да работиме на уставните измени и да сме аргументирале тоа за кое ние сме биле против, може тие имале спротивни аргументи. Седевме на тој состанок, ги кажавме аргументите, а од другата страна не добивме контрааргументи, туку констатиравме дека нивните  аргументи се плитки. Тие одлучија да влезат во авантура и да се создаде проблем – изјави Мицкоски.

Поврзани содржини