ОВА НЕ Е БИТКА ЗА ВЛАСТ, ТУКУ ЗА НОРМАЛНОСТ Скопје може да се издигне само ако се вратат честа и редот, рече Башким Бекиу
Скопје, нашиот заеднички главен град, со години живее во хаос, запоставеност и неодговорност. Институциите се изморени од политиката, јавните претпријатија се претворени во вистински хаос од лошо управување, а граѓаните се изморени од чекање – рече Башким Бекиу, кандидат на Влен.
Стоиме пред одлука која ќе определи како ќе изгледа Скопје во следните четири години. Со жалење мора да признаеме дека оваа власт што ја гледаме денес, воопшто не беше блиску до очекувањата на граѓаните – рече Башким Бакиу, кандидат на Влен за градоначалник на Град Скопје, на денешното претставување на предизборната кампања.
– Денес не доаѓам да ветувам, туку да зборувам за морална обврска за одговорноста што сите ја имаме кон нашиот град. Скопје, нашиот заеднички главен град, со години живее во хаос, запоставеност и неодговорност. Институциите се изморени од политиката, јавните претпријатија се претворени во вистински хаос од лошо управување, а граѓаните се изморени од чекање.
Но јас, заедно со нашата советничка листа, верувам дека секој град, исто како и секој човек, може повторно да се издигне, само ако му се вратат честа и редот – рече Бакиу.
Тој рече дека неговата програма за Скопје е изградена врз седум столбови и ги презентираше еден по еден.
„Прво….Почнува редот и отчетноста.
Времето кога јавните претпријатија им служеа на партиите, а не на граѓаните, завршува.
Секој директор ќе одговара за својата работа пред јавноста.
Транспарентноста ќе биде правило, не исклучок.
Второ… Сообраќај без хаос, модерен јавен превоз.
Скопје не може повеќе да живее со расипани автобуси и часови изгубени во метеж.
Ќе воведеме брз, еколошки и безбеден систем на јавен превоз што ќе ги поврзува сите населби – од Чаир до Сарај, од Бутел до Ѓорче Петров.
Движењето низ градот мора да биде лесно, а не стресно.
Трето…Чист град.
Чистотата не е луксуз. Ќе воспоставиме строг систем на одговорност и јавен надзор.
Граѓаните ќе знаат каде завршува секој денар од нивните даноци.
Четврто… Крај на отпадот, крај на ерата на депониите.
Местата каде што денес се фрла отпад ќе се претворат во зелени паркови и рекреативни зони.
Ќе инвестираме во современа технологија за рециклирање, за чиста енергија и за почист воздух. Нема повеќе бетон врз зеленило, затоа што животот има потреба од здив, не од ѕидови.
Петто…Јавни претпријатија што работат за граѓаните.
Тие повеќе нема да бидат бироа за вработување, туку институции што функционираат со ред, одговорност и ефикасност. Ќе бараме резултати, а не оправдувања.
Секое претпријатие ќе има јасна мисија: да му служи на градот и да им го олеснува животот на луѓето. Ова ќе биде новиот стандард на работа во Скопје – професионалност, транспарентност и јавна услуга.
Шесто….Скопје за младите, за спортот и за културата.
Градот што не ги слуша младите, е град без иднина.
Ќе изградиме нови спортски сали, културни центри и настани што ќе му ја вратат енергијата на Скопје. Младите не се украс на градот, тие се неговата најголема сила.
Седмо…. Рамномерен развој на сите општини.
Скопје не е само плоштадот и светлата во центарот. Скопје е и Чаир, и Сарај, и Бутел, и Шуто Оризари, и Гази Баба, и Карпош, и Ѓорче Петров. Секоја населба, секоја улица заслужува да се чувствува дел од истиот град. Тоа е Скопје што сакам да го водам – праведно, живо и рамноправно.“
– Ние не бараме ништо повеќе од она што Скопје го заслужува: ред, чистота, транспарентност и пред сè живот. Оваа битка не е за власт, туку за нормалност. А нормалноста започнува со храброста да се направи промена. На 19 октомври, со еден глас и бројот 7, да го започнеме новото поглавје за нашето Скопје. Скопје што не дели, туку обединува. Скопје што дише, чекори со култура и живее со достоинство – рече кандидатот на Влен Башким Бакиу.