ЕДЕН ПОТЕГ МУ ГО СПАСИЛ ЖИВОТОТ НА ТРАМП? „Покажи ми го екранот, да видам нешто за миграцијата…“

Претходно на митингот, Трамп признал дека „не чита од телепромптерот“ и дека сака прво да се фокусира на политиката на јужната граница. Тој побарал од неговиот тим да прикаже графикони на „џамботрон“ екранот што прикажува статистика за имиграцијата.

5,200

Тоа што поранешниот американски претседател Доналд Трамп на митингот во Пенсилванија во еден момент решил да се сврти кон големиот „џамботрон“ екран направило тој да биде промашен од куршумот на атентаторот кој му го расквави горниот дел од десното уво, тврди  Ден Скавино, висок советник во неговата кампања, пишува Дејли Мејл.

Според Ден Скавино, овој потег му го спасил животот на Трамп.






„Фала богу, синоќешниот митинг беше оној на кој претседателот Трамп сакаше да го употреби и џамботронот, поради што малку ја мрдаше главата во моментот на пукањето“, напиша Скавино на Икс и додаде:

„(Трамп е) благодарен за сите молитви, љубов и поддршка додека се подготвува за републиканската конвенција во Висконсин!

 

Претходно на митингот, Трамп призна дека „не чита од телепромптерот“ и дека сака прво да се фокусира на политиката на јужната граница. Тој побарал од неговиот тим да прикаже графикони на „џамботрон“ екранот што прикажува статистика за имиграцијата.

Трамп ја свртел главата на страна непосредно пред да одекнат неколку истрели, а момент потоа се фатил за уво пред да падне зад подиумот, пишува Дејли мејл. Снимките покажуваат дека Трамп благо ја завртел главата преку десното рамо.

 

Напаѓачот, кој беше идентификуван како 22-годишниот Томас Крукс бил неутрализиран од американската тајна служба неколку секунди откако го застрела Трамп.

Еден учесник на митингот кој беше во првиот ред на митингот почина, додека други двајца беа тешко повредени и се уште се во болница, според властите.

На социјалните мрежи е промовиран и GoFundMe со цел полесно да се дојде до милион долари наменети за семејството на убиениот и семејствата на ранетите кои, како што пренесуваат медиумите, се во критична состојба.

Убиениот учесник на собирот во Пенсилванија, Кори Комператоре, имал 50 години, бил началник на противпожарната служба од Бафало и, како што пренесуваат медиумите, со своето тело ги штител сопругата и ќерките.

Поранешниот претседателски кандидат Вивек Рамсвами за оваа цел донирал 30.000 долари, а ќерката на поранешниот американски претседател Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер 10.000.

Исто така, на социјалните мрежи се појави видео од реакцијата на снајперистите на Тајната служба кои, според Си-Ен-Ен, веднаш возвратиле кога одекнале истрелите, од кои еден бил полесно ранет поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

 

Поврзани содржини