Ова може да биде тешка есен каква што не сме виделе поради ковид-19, порачува д-р Редфилд (ВИДЕО)

Искористете го значајниот подвиг на американската наука и примете ја сезонската вакцина против грип, затоа што тоа ќе ги заштити вашите деца - рече д-р Редфилд, додавајќи дека тој е умерено оптимист дека американската вакцина против коронавирусот ќе биде достапна на почетокот на следната година.

588

Директорот на Националниот центар за контрола и спречување заразни болести, д-р Роберт Редфилд, изјави дека САД се во војна против коронавирусот и апелираше до Американците  заедно да одат во војна против таа болест.

– Барам едноставна работа од вас: носете маски, држете физичко растојание, мијте ги рацете и бидете мудри на јавни места. Не барам индивидуални Американци да го сторат тоа, но апелирам до сите нас да се однесуваат така…Ова е една од оние интервенции кога 95 отсто до 99 отсто од луѓето треба да го сторат тоа за да функционира – нагласи д-р Редфилд, јави Си-Ен-Ен.






Директорот Редфилд ги повика Американците да се подготват за „тешка есен каква што не сме виделе“ и да планираат да се вакцинираат против сезонскиот грип.

– Искористете го значајниот подвиг на американската наука и примете ја сезонската вакцина против грип, затоа што тоа ќе ги заштити вашите деца – рече д-р Редфилд, додавајќи дека тој е умерено оптимист дека американската вакцина против коронавирусот ќе биде достапна на почетокот на следната година.

Поврзани содржини