Ова мора да запре!

Во земјава имаме парадоксална ситуација во која нашите невработени земаат социјална помош и заработуваат на улица бришејќи прозорци на автомобили, а странски работници доаѓаат да ги пополнат работните места во компаниите.

1,367

На секој агол од градските крстосници, од утро до мрак, црномурести млади мажи (и јас сум црномурест, но не млад) агресивно, со шише вода и со валкан сунѓер, се нудат да ни ги исчистат стаклата од автомобилите за 10 денари. Притоа ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот, а најмногу својата безбедност.

Во исто време, особено наутро и навечер, гледаме црномурести млади мажи, дојдени од странство, во жолти елеци, како во групи одат и се враќаат од градилиштата во главниот град. Засега се тивки и нечујни.






Нема да остане така во иднина.

Првите, т.е. нашите, добиваат социјална помош од државата Република Македонија и кажуваат дека им било „неисплатливо“ да работат. Вторите, веројатно бегалци или мигранти од сопствените земји, дошле во потрага по парче леб и подобар живот. Исто како и илјадниците наши млади мажи и жени, кои заради погрешните политики ја напуштаат сопствената држава за парче леб и подобар живот во туѓина. Ова мора да се промени!

Поврзани содржини